Home » Posts tagged with » козица
Водици во Кичево и Кичевско 2015 (фото, видео)

Водици во Кичево и Кичевско 2015 (фото, видео)

Празникот Водици повторно не собра на прадедовските огништа. Кај и да си, за Свети Јован во Кичево да си. Оттаму од каде што ти е коренот, кај што си израснал, таму кај што ти е душата, без разлика каде и да се наоѓаш. Верба во Бога, обичаи, песни, ора и нормално – топла ракија. Никаде […]

Стари изреки, гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (3)

Стари изреки, гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (3)

Трет напис со изреки од Кичево и Кичевско. Овој пат и од Цер, Пласница, Брждани и Попоец. Овие гатанки и народни умотворби се собирани од јероѓаконот Јосиф од манастирот Света Богородица Пречиста. Тој грижливо ги собирал од народот и ги објавувал во Цариградскиот весник „Новини“ во периодот од 1890 до 1905. Благодарение на него биле […]

Стари гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (2)

Стари гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (2)

Продолжуваме со објавување на стари гатанки и умотворби од Кичево собирани од јероѓаконот Јосиф од манастирот Света Богородица Пречиста. Тој грижливо ги собирал од народот и ги објавувал во Цариградскиот весник „Новини“ во периодот од 1890 до 1905. Благодарение на него биле спасени од заборав и ги имаме денес. Со нив се поучувале, плашеле, тешеле, […]

Стари гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (1)

Стари гатанки и умотворби од Кичевско од пред повеќе од 100 години (1)

Овие гатанки и народни умотворби се собирани од јероѓаконот Јосиф од манастирот Света Богородица Пречиста. Тој грижливо ги собирал од народот и ги објавувал во Цариградскиот весник „Новини“ во периодот од 1890 до 1905. Благодарение на него биле спасени од заборав и ги имаме денес. Со нив се поучувале, плашеле, тешеле, објаснувале… нашите предци. За […]

ФОТО: Како се прославија Водици низ Кичево и Кичевско! [2014]

ФОТО: Како се прославија Водици низ Кичево и Кичевско! [2014]

Ако викаат: „За Божиќ кај и да си, дома да си“, во Кичево тоа важи и за Водици. Останало аманет од нашите предци да се собираме на огништата откаде потекнуваме и да го славиме големиот празник Богојавление. Со вера, со песна, со обичаи, со добра мисла. И секако, со топла ракија. Кумството се предава од […]

Село Белица како пример за останатите села во кичевско

Село Белица како пример за останатите села во кичевско

Некогаш едно од најголемите села во кичевско со скоро 1000 жители. Позната по многу вода, рибникот и пикник дестинација, особено за 1-ви мај. Позната и по револуционерното минато, по бурна историја, старото црквиче Свети Александар, убавата селска црква Свети Ѓорѓија, воденици, валајци, разни занаети, првата хидроцентрала… Миграцијата село-град речиси и да го опусте ова село, […]

Една средба со војводата Јордан Пиперката

Една средба со војводата Јордан Пиперката

Текстот кој следува е сведоштво на секретарот на кичевскиот револуционерен реон, со иницијали “Д.С.”, а публикуван во „Илустрација Илинден“ во 1927 година. Текстот е интересен бидејќи дава лични видувања на свидетел на периодот по Смилевскиот конгрес и пред почетокот на востанието кога моралот кај населението за оружена борба бил доста висок. Го опишува Јордан Пиперката, […]

ФОТО: Како се прославија Водици 2013 низ Кичево и Кичевско! Празник за очи и душа!

ФОТО: Како се прославија Водици 2013 низ Кичево и Кичевско! Празник за очи и душа!

Празник за очи и за душа! Разни села, слични обичаи. Само и само во Кичево. Нашето наследство, нашето богатство. Ден за да се видиме тие што ретко се гледаме. На грутката на нашите предци. Ако правилото е за Божиќ кај и да си – дома да си, Кичевчани имаат уште едно – и за Водици […]

Повеќе села во Кичевско неколку дена без струја

Повеќе села во Кичевско неколку дена без струја

Неколку села општина Другово, Вранештица, Осломеј и Зајас неколку дена се оставени без струја. Во Цер, Црско, Прострање, Белица, Малкоец, Јудово, Иванчишта, Манастир Света Богородица Пречиста, Манастирско Доленци, Кладник… струја нема веќе петти ден. Ноќеска температурата во овој регион се спуштила до – 20 степени целзиусови под нулата. Жителите во повеќето села се останати и […]

Јордан Пиперката

Јордан Пиперката

“Нека не се надева ни Србија, ни Бугарија, ни Грција дека една педа земја македонска ќе добие, зашто за нејзиното ослободување ние крвта ќе ја пролеваме, па не ја даваме на друг, туку наша ќе биде”. Вака се изјаснуваше еден од најопеаните и еден од најпопуларните македонски војводи на ВМРО (по Гоце Делчев) Јордан Пиперката, […]