Home » Posts tagged with » прекин
Населението од Лавчани 2 недели без струја

Населението од Лавчани 2 недели без струја

Населението во село Лавчани нема електрична енергија околу две недели. Додека ја пуштат електричната енергија би дошло до големи проблеми поради паднатите столбови и искинатите жици. Иако патот во село Лавчани е сосема прооден, екипи кои треба да го санираат проблемот сеуште немаат излезено на терен. Локалните жители апелираат до надлежните институции за итно решавање […]

Се реагира најбрзо за Кичево да добие струја

Се реагира најбрзо за Кичево да добие струја

Во  Кичево целиот град е без напојување со електрична енергија. Причинети се повеќекратни дефекти во високонапонската мрежа. Од она што го видов на терен и од разговорите со раководните луѓе на ЕВН и МЕПСО можам да кажам дека во моментот се презема се што е потребно за нормализирање на ситуацијата, истакна вицепремиерот Владимир Пешевски, кој […]

Прекинат штрајкот во РЕК „Осломеј“

Прекинат штрајкот во РЕК „Осломеј“

Штрајкувачите кои 9 дена го блокираа патот кон електраната РЕК „Осломеј“ од вчера го прекинаа штрајкот. На средбата со одговорните лица им било кажано дека доколку штрајкот биде продолжен, електраната нема да биде во можност да продолжи со работа, а нејзините вработени ќе бидат пуштени дома со 70% од платата. Ваквото барање до штрајкувачите директно […]

Утре прекин на водоснабдувањето

Утре прекин на водоснабдувањето

ЈП Комуналец – Кичево известува дека во текот на утрешниот ден (среда, 12 јуни) ќе има прекин на водоснабдувањето во централното градско подрачје во периодот од 08:00 до 15:00 часот. Прекинот е поради пуштање на новата водоводна линија Ф400 на булеварот „Ослободување“. ЈП Комуналец

Повеќе села во Кичевско неколку дена без струја

Повеќе села во Кичевско неколку дена без струја

Неколку села општина Другово, Вранештица, Осломеј и Зајас неколку дена се оставени без струја. Во Цер, Црско, Прострање, Белица, Малкоец, Јудово, Иванчишта, Манастир Света Богородица Пречиста, Манастирско Доленци, Кладник… струја нема веќе петти ден. Ноќеска температурата во овој регион се спуштила до – 20 степени целзиусови под нулата. Жителите во повеќето села се останати и […]

Прекин на водоснабдувањето во дел од населба Иванидол

Прекин на водоснабдувањето во дел од населба Иванидол

ЈП Комуналец од Кичево ги известува граѓаните кои живеат на улиците „Питу Гули“ дел од ул.„Тренко Тасески“ (Панорама) и дел од под Крушино дека од среда на 24 октомври 2012 па се до 26 октомври 2012 ќе има прекин во водоснабдувањето поради пуштање во употреба на новата водоводна линија. Се апелира на разбирање и се […]