Поради технички пропуст од банкомат подигнал речиси 1,5 милиони долари

Категории: Магазин

Келнерот Ден Сондерс од австралискиот град Вангарет, станал милионер откако во февруари случајно открил технички пропуст на банкомат, што му овозможило да извлече речиси 1,5 милиони американски долари.

По откривањето на овој „трик“, Сондерс неколку месеци живеел раскошен живот со приватни авиолетови, коцкарници, скапи рсторани и проститутки.

За „Карент Аферс“, Сондерс изјавил дека се почнало кога при едно излегување требало да подигне пари од банкомат. Апаратот покажал дека на сметката има само три долари и тој се обидел од кредитната картичка да префрли 200 австралиски долари (175 американски долари).

– Пишуваше дека трансакцијата е неуспешна, но јас сепак од банкоматот си заминав со 200 долари, изјавил Сондерс, додавајќи дека во почетокот воопшто не размислил за овој технички пропуст. Но, подоцна решил повторно да си ја „проба среќата“ и повторно подигнал пари од банкоматот, иако таа сума не била повлечена од неговата кредитна картичка.

Всушност, станува збор за пропуст при кој банкоматите во одреден период од денот се исклучувале поради тековно одржување, при што граѓаните можеле да подигаат пари, но тие трансакции не биле регистрирани. Сондерс го открил тој пропуст и подигал пари токму во периодот на тековното одржување.

Сондерс не го пријавил пропустот и подолжил да подига пари, но поблемот се јавил кога луѓето од неговоо опкружување почнале да озборуваат дека тој одеднаш почнал да троши многу повеќе, отколку што заработува.

До мај, Сондерс подигнал речиси 1,5 милиони американски долари, по што кај него почнало да се јавува чувство на вина и веќе следниот месец го пријавил пропустот во банката. Од таму бил информиран дека за пропустот веќе иницирале полициска истрага, по што Сондерс престанал да подига пари.

По завршување на истрагата, полицијата минатата недела издала налог за апсење на Сондерс, но тој мистериозно исчезнал.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,