Сеуште тензично во село Лисичани, наставата и натаму во прекин

Категории: Кичево, Слајдер

Во училиштето „Мирче Ацев“ во село Лисичани веќе 5 недели не се одвива наставата. Родителите на децата се противат на именувањето на нов директор на ова училиште од страна на градоначалникот на Пласница, Исмаил Јаоски.

Велат дека поставувањето на нов директор е незаконски но и стравуваат дека училиштето од централно ќе помине во подрачно училиште под училиштето од Пласница.

Градоначалникот Јаоски вели дека во поставувањето на нов директор нема ништо незаконско, а за луѓето кои протестираат вели дека се изманипулирани.

Но Лисичанци не се согласуваат со тоа и бараат училиштето да има директор од нивното село, односно го сакаат назад досегашниот директор Ќемаил Сами бидејќи бил успешен во неговата работа. Тие велат дека и понатаму ќе останат пред училиштето се додека не се исполнат нивните барања.

Во понеделникот при обидот да се предаде функцијата на новонаименуваниот директор, во училиштето дошло до кошкање и обид за физичка пресметка, по што настанот бил откажан. На местото била присутна и полиција.

Во ова училиште учат 127 ученици, претежно од село Лисичани и околните села Челопеци, Вранештица и Староец. Статус-кво ситуацијата продолжува, а за ова е запознат и просветниот инспекторат.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,