Тензично во село Вранештица, селаните не даваат да се сече црковната шума

Категории: Кичево, Слајдер

Денес во село Вранештица од раните часови па се до сега е направен жив ѕид од страна на селаните против сечачите кои сакаат да сечат дрва од црковно земјиште – дознава Кичево.Мк.

Површината на црковната шума е огромна. Дозвола за сечење на шумата која се наоѓа на црковното земјиште било дадено од владиката Тимотеј, но без одобрение на селаните.

Селаните на Вранештица се револтирани од реакцијата на владиката дека тоа место е негово, а не селско и дека тие пари ќе биле за цркви од други места, но не и за црквите кои се во самото село.

Селото Вранештица има 3 цркви, Свети Никола, Свети Илија и Свети Ѓорѓија, а двете последни датираат од 6 век. Вренештичани се одлучни и викаат како што нашите предци се грижеле за црквите така и ние ќе се грижиме. Селаните, засега безуспешно, сакаат да стапат во контакт со владиката со цел да се расчисти ситуацијата.

Според наши информации, во селото има значителен број на полиција со цел да не се случи поголем инцидент, а селаните се имаат обратено за присуство до повеќе медиуми со цел да ги запознаат за ситуацијата.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics