Теодора Цветкоска – успешна кичевска каратистка

Категории: Слајдер, Спорт

Кичево е град во кој владее спортскиот дух. Спортскиот дух, цврстото тело, упорноста, борбеноста и пред се големата желба за каратето младата каратистка Теодора Цветкоска своите почетоци и запознавања со каратето ги започна на 7 годишна возраст.

Теодора има 14 години и тренира во својот матичен клуб “К.К. Ринија” со тренерот Џавит Мехмеди. До денес има освоено 70 медали. Првиот медал го има освоено во 2008г. на 9 годишна возраст. Таа има учествувано на државни првенства во кои има освоено 12 медали од кои: 4 златни, 6 сребрени и 2 бронзи. Исто така има учествувано на голем број меѓународни и останати карате турнири во кои ги има освоено останатите 58 медали. На последното државно првенство за деца од 11 до 14 години го има освоено второто место, на 02.03.2013 год. во Скопје. Таа исто така има учествувано на 3 Балкански првенства во Атина, Р.Грција, Никозија, Р.Кипар и Херцег Нови, Р.Црна Гора.

Нејзино најголемо достигнување е освоеното 2-ро место на Балканско детско – кадетско – јуниорско првенство за 2011 год во Никозија, Р.Кипар. Со ова достигнување е прогласена за најуспешен карате спортист на Р.Македонија за 2011год. во женска категорија за лица родени 1999 година.

Како и секоја година така и оваа таа ќе се претстави на Балканското првенство кое ќе се одржи на 28.03.2013год во Крагуевац, Р.Србија.

Но за тоа се потребни финансиски средства за нејзиното претставување, поточно за спортска опрема, престој и превоз до самото место на одржување на Балканското првенство. Ако има заинтересирани фирми, компании и други лица кои може да понудат свое спонзорство, со што и самите би биле рекламирани на едно големо Балканско првенство и со што ќе се потпомогне и нашиот град Кичево да биде горд и претставен во најдобро светло пред Балканот од каратистката Теодора Цветкоска.

Помогнете го нејзиниот настап преку вашето спонзорство. За повеќе информации обратете се на e-mail: mile.cvetkoski@hotmail.com или контакт телефон 071/315-601 најдоцна до 20.03.2013год.

На Теодора и посакуваме добар пласман и да се врати со медаљи во Кичево.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,