Наш кичевчанец директно од Париз: Цел град е блокиран, војската и полицијата се наулиците

paris-attacks-chaos-nov-13-2015-place-de-la-republique-square

Париз е во целосна опсада. Некаде крај 12 часот Претседателот на Франција повика на кризна состојба во цела Франција со затворање на границите и целосна полициска и војна опсада. Граѓаните на Париз се повикуваат да останат во своите домови. Вечерва е повикан советот на министри и целиот државен врв во кој ќе се донесат следните одлуки. На 5 до 6 места низ цел Париз се случија силни терористички напади. Нападнати се неколку квартови околу центарот на Париз 10 и 11 арондисман Руе де Батаклан, Ла Републик , целиот простор околу стадионот Стад де Франс е опколен со полиција во која се случиле неколку експлозии.

Според неофицијалните информации 40/50 граѓани се убиени и повеќе повредени. Војската и полицијата се во целосна спремност за да одговорат во случај на евентуални нови напади. Нападите почнале околу 21 часот и 15 минути одма по почетокот на пријателскиот меч Франција Германија каде што и Францускиот претседател бил директно евакуиран. Во моментов во Батаклан се случува директна борба помеѓу терористите и безбедносните сили. Амбулантни возила, полиција, хеликоптери целиот град е блокиран. Во Руе Бицхард едно лице со калашњиков убило голем број на граѓани во барот Карион каде што имало повеќе убиени. Во Стад д Франс се случиле 2 експлозии , стадионот со Своите 80 илјади гледачи е целосно евакуиран . Експлозиите во стадионот на Стад д Франс биле предизвикани од 2 бомбаши самоубијци каде што и самиот претседател на Франција се наоѓал на стадионот откаде бил евакуиран. Утре сите училишта и универзитети се затворени војската и полицијата се на улиците низ Париз .

Ристески Бојан