Маж и жена загинаа во сообраќајка кај Колари

Две лица починаа од повредите кои ги добија во сообраќајната несреќа што се случи утринава на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на мостот кај село Колари.

Според првичните информации од МВР, несреќата се случила околу 10 часот кога се судриле комбе, кое најверојатно било такси и „форд-фиеста“, службено возило на министерството за транспорт и врски.

Двете лица кои биле во фордот, маж и жена, вработени во министерството за транспор и врски, починале на самото место.

Возачот на комбето, минал со полесни повреди, а жената која била сопатничка во комбето е пренесена во Ургентен центар во Скопје.

Во тек е увид на лице место од страна на полицијата во присуство на јавен обвинител и истражен судија за утврдување на причините за несреќата и за утврдување на идентитетот на загинатите.

Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар- Кичево и покрај несреќата се одвива непречено.