Напредок пред голем предизвик на гостувањето во Турново

Категории: Спорт

Првото овосезонско гостување екипата на Напредок ќе го има на југоистокот од земјава, кај најуспешниот македонски претставник во европските купови ,екипата на Турново.

Со повеќе отсуства  од стартниот состав, Напредок патува на ова гостување, но сепак добрата подготовка е гаранција дека сино -белите и покрај силината на својот противник ќе одиграат  добар натпревар.
Добро би било за кичевскиот прволигаш ако за домаќинот не настапи нивниот најдобар играч Дејан Блажески, кој е пред трансфер во првенството во Украина.
-Не очекува тежок натпревар  бидејќи екипата на Турново е компактен и силен состав ,кој на домашен терен е апсолутен фаворит.И покрај одредените персонални проблеми, сепак   ние на ова гостување не одиме со бело знаме и се ќе сториме што поскапо да ја продадеме својата кожа. Зошто да не го направиме и најголемото изненадување во ова првенствено коло и од Турново се вратиме со еден голем бод-рече Дејан Цветаноски, еден од најдобрите фудбалери во кичевскиот состав.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,