ФОТО: Тешка сообраќајка, осуммнина повредени, меѓу нив и деца

Категории: Кичево, Слајдер

Осум лица се повредени, меѓу кои четворица посериозно со тешка сообраќајна несреќа која околу 15:05 часот се случила на патот Гостивар Кичево. Непрописно претекнување е причина за тешката сообраќајка, неофицијално пренесува агенцијата Курир.

Станува збор за судир меѓу „Голф“ со италијански регистерски таблички, „Опел Астра“ со кумановски ознаки и „Пежо 207“ со охридски таблички. Од „Голфот“ повреден е возачот, 36-годишниот Е.А. од село Пласница кај Македонски Брод, и две жени кои биле како сопатнички во автомобилот.

Во несреќата повреден е и возачот на „Опелот“, 35-годишниот Б.С. од Куманово кој во автомобилот бил со сопругата и двете малолетни деца, седум годишно момче и пет годишно девојче.

Децата заедно со уште три повредени лица поради карактерот на повредите се пренесени во скопските клиники, додека го гостиварската болница лекарска помош им е укажана на две лица.

Според информациите до кои дојде Курир, несреќата се случила во моментот кога „Голфот“ го претекнувал „Пежото“ во правец кон Кичево, додека од другата страна на коловозот, автомобилот „Опел Астра“ претекнувал товарно возило.

При ваквата ситуација дошло до директен судир меѓу „Голфот“ и „Опелот“, а со помала штета поминал автомобилот „Пежо 207“.  Двата автомобили кои направиле директен судир, поради нивната неможност за управување, се подигнати со возило на шлеп служба.

По сообраќајката се создале километарски колони на возила.

Од СВР Тетово потврдуваат дека увидот на местото на несреќата е завршен, а сообраќајот по двете коловозни ленти е нормализиран.

ФОТО: Курир

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,