Зошто е тешко да се донесе одлука

Категории: Магазин

Дали да се омажам/оженам? Кога треба да имам дете? Дали е паметно да ја напуштам работата и да прифатам нова понуда? Што да студирам? Ова се само неколку прашања, кои многу луѓе си ги поставуваат во текот на животот.

И додека некои одлуките ги донеле без многу размислување, други постојано ги „мерат“ работите за да донесат вистинска одлука. Не без причина – психолозите објаснуваат дека во човековата природа е запишана „неспособност“ за донесување брзи одлуки, затоа што изборот на една опцијаповлекува губење на сето она што го пружа алтернативата.

Така на пример, се мислиме дали ја прифатиме понудата за ново работно место, иако таа би ни донела повеќе пари, затоа што знаеме дека ќе ја загубиме слободата што старата работа ни ја пружа. Изразено нерешителните луѓе нема лесно да донесат вистинска едноставна одлука, како на пример каков десерт би одбрале – сладолед или торта.

И без разлика на тоа, дали станува збор за ситни нешта или пак за некои најважни одлуки во животот, суштината е во тоа што ние сепак сакаме се. Бидејќи тоа најчесто е невозможно, психолозите советуваат дека кога и да сте неодлучни, на прво место ставете ги приоритетите, што би ви го олеснелиле изборот меѓу двеѕе опции

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,