Тешко гостување за Напредок

Категории: Спорт

Едно од најтешките гостувања за екипата на Напредок пролетва е секако гостувањето на Железарница кај екипата на Металург. Резултатската летаргија, за ова гостување ја надополнува и отсуството на неколкумина стандардни првотимци.

Така во составот на Напредок на неделниот меч ќе ги нема, суспендираните Цветаноски и Џалески,недоволно подготвениот поради повреда Костенцоски,и зимското засилување Димоски, кој е отстапен во Напредок токму од екипата на Металург.

Одбраната ќе биде на тежок испит и во добра мера резултатот ќе зависи и од  изданието на Александар Василев.

-Имаме за противник екипа која претендира да биде и шампион на државава. Домаќинот по секоја цена ги посакува трите бода и затоа најголемата обврска и товар ќе ја понесеме ние во задната линија. Ќе се потрудиме со ангажирана и крајно концентрирана игра, да одолееме на сите атаци на домашниот состав и од главниот град се вратиме со еден  драгоцен бод – рече стоперот Василев.

Зоран Антоски

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,