Нов пораз на Напредок

Кичевски Напредок претрпе нов пораз на гостувањето во Тетово од последнопласираниот Тетекс, минимално со 1:0. Единствениот гол падна уште во 15 минута и тој резултат остана до крајот на натпреварот.

По овој пораз (втор во низа), Напредок остана на четвртата позиција, но сега заостанува 3 бода пред третопласираниот Металург кој има две победи во низа.

Следниот натпревар кичевчани го играат веќе задутре на домашен терен каде ја пречекуваат десеттопласираната Дрита која игра доста лошо во пролетниот дел.

Се надеваме дека Напредок ќе се соземе од лошата игра и ќе го задржи темпото кое ќе го однесе во Европа.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)