Ти и ја коњи одврзани (46)

Kicevo kaldrma

Со шаховски речник кажано, тоа е моментот кога со коњ даваш шех – шух или во ист момент победнички ги напаѓаш и кралицата и топот, додека пак симболички протолкувано КОЊИ ОДВРЗАНИ …..е слободата на избор …….
Традиционално секое лето во посета на „стариот крај“ доаѓаат (в)нашите роднини – гастербајтери. Доаѓа во Белград така со нова кола, „случајно“ мерцедес – шестак (шест цилиндри демек) наш роднина без жена му, сам и после неслучајната обиколка на сите роднини, влегува и кај негов роднина од исто село. Се испрашале се со ред и на крај му се испуштило на гурбетчијава, кажал дека ќе оди кон Македонија.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Во истиот момент само се слушнал глас: ……. ЕЕЕЕЕЕ ЛАКО БЕ, ТИ И ЈА КОЊИ ОДВРЗАНИ ……. „Анам* спреми ми ја торбата“.
Со еден потег матирани и гурбетчијата (ај не го качи вкола) и жена му (оди префрли му што ќе ојт сам).
Ем се редиш рамо до рамо со мажи што тргнале сами по пат дури од Шведска, ем покажуваш пред нив традиционализам, независност и самостојност во донесувањето на одлуките

Анам* – од Турскиот јазик = жена, домаќинка, сопруга ……

…….раскажано од Радивој Димоски.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако