Ти **а уште 100 години нас ќе не е*ааш (38)

Kicevo panorama2

Верата беше ти била опиум за народот …….
Дојде една сабота, пазарен ден кај мене стар пријател од блискиве села. Во него има пластови историја, само треба одбрано да се „чепне“. Традиционалист и почитуван од сите, поради саглам* зборот што не го крши.
И така ми раскажува тој, малку разочаран, малку едуциран oд интелигенцијата на денешниве верски лица.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

– „Ода ја во една подалечна нива со пченка и што ќе вида, в среде пченка ја потиснал една млада и пуфтат али пуфтат. Одма го познав, ама сакав и тој да ме видит дека го видов. Се накашлав, ја крена глаата, значајно го испулев и си заминав. Одејќи дома по пат, скројв план, штом тој нас на сите ни приповедат што е грев, в петок ќе му реча пред сите дека со негојов грев кај нас в село не му е местото, а тој ќе си заминит сам од резилот“.

Идет Петок, се собираме заврши процесијата верска и ја уште да зема збор пред џемаатот, се јави тој и ме врза чвор:

– Слушајте, има еден предлог и неќу да ми се кршит зборов, … …ета го предлага за главен во одборов верски оти тој е прав маж, со углед во цела наија, ….итн.

Олку фалби за мене од татко и мајка не су чул !! Одма сите прифатија и се редат ми честитаат, дојде и тој ми честита, а ја на уше му шепнав: „ ТИ ..А УШТЕ 100 ГОДИНИ НАС ЌЕ НЕ Е.ААШ, и требит штом си олку паметен“.

Саглам* од Турскиот јазик = здрав, цврст ….

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако