Кичевчанецот Тино Алексов надмина 10 000 преводи на Facebook!

Веќе пишувавме за Кичевчанецот Тино Алексов, човекот поради кого користите Facebook на Македонски! Тогаш имаше 6135 преводи на термини на Македонски јазик кои ги користи Facebook и беше на второ место по преводи.

Деновиве бројот на неговите преводи достигна петцифрен број – фантастични 10 000 и веќе го зазеде првото место!

Facebook безмалку ближи до милион корисници од Република Македонија и сигурно над милион Македонци од светот кои се присутни на социјалната мрежа. Најголемиот дел од нив го користат македонскиот јазик на Facebook благодарение на ентузијастите како нашиот сограѓанин Тино Алексов.

Тино, секоја чест и благодарност за трудот!