Треска се излеа од коритото, нивото на водата и натаму расте

Категории: Кичево, Слајдер

Поројните врнежи од дожд, кои во кичевскиот регион со засилен интензитет паѓаат повеќе од 24 часа, придонесоа нагло да се зголемат водотеците во овој крај. Утрово за само 8 часа, нивото на реката Треска е двојно зголемено, со тенденција истото и натаму да се зголемува.

Сегашните проценки кои ги вршат екипи на Дирекцијата за заштита и спасување од Кичево говорат, дека  поплавени се над 300 хектари обработливи површини, ниви и ливади кои од час во час се зголемуваат.

–   Последните врнежи од дожд придонесоа нивото на реката Треска за само неколку часа двојно да порасне. Така што наглиот пораст на Треска придонесе да бидат поплавени над 300 хектари обработливо земјиште ниви и ливади. Засега Треска се излеа во реоните на селата Бигор Доленци, Староец, Вранештица, Атишта, Челопеци, Лисичани и Пласница. Засега нема загрозени куќи и селаните во овој регион не се во опасност од зголемените води  Треска, рече Драгољуб Попоски, од Регионалната дирекција за Заштита и спасување од Кичево.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , ,