„Трето полувреме“: SOUNDTRACK + ПОСТЕР + TRAILER, плус…

Категории: Македонија, Слајдер

На официјалната страница на филмот „Трето полувреме“ на Facebook деновиве беа објавени официјалниот постер, интернационалниот трејлер на филмот и една прекрасна песна во изведба на „Баклава“ – Adio Kerida испеана на Ладино, јазикот кој го зборувале повеќето од македонските Евреи.

Филмот „Трето Полувреме“ (види официјалев web) е македонски кандидат за Оскар. Инспириран и работен според потресното сведоштво на Нета Коен, еврејка од Скопје која го преживеала холокаустот, но го загубила целото семејство. Филмот одблиску го доловува и тимот на ФК „Македонија“ кој станал шампион во тогашната фудбалска лига на Бугарија и покрај сите тешкотии кои ги трпеле за време на Втората светска Војна.

Постер за филмот „Трето Полувреме“

Филмот беше финансиски поддржан од Владата на Република Македонија. Неговото снимање наиде на позитивни критики во Република Македонија, но во соседна Бугарија предизвика лавина од негативна кампања која кулминираше со бојкот на неговата проекција од страна на бугарскиот амбасадор во Република Македонија.

Во филмот настапуваат Сашко Коцев, Катарина Ивановска, Раде Шербаџија, Ричард Самел, Емил Рубен и Митко С. Апостоловски. Режијата е на Дарко Митревски. Сценарио: Дарко Митревски & Гргур Струјиќ. Музиката е напишана од Кирил Џајковски.

Филмската екипа на легендарниот клуб ФК „Македонија“

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , ,