„Трето полувреме“ премиерно во Кичево

Македонскиот филм „Трето полувреме“ конечно ќе се прикаже и пред кичевската публика. Проекциите ќе се изведуваат во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“-Кичево.

Филмот е најавено да има само три проекции со почеток во 19 часот  во следниве денови:

1) 08.02.2013 година (петок)
2) 09.02.2013 година (сабота)
3) 10.02.2013 година (недела)

Билетите можат да се купат во билетарата од центарот за култура. Цената на билетот е 100 денари.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)