„Трето полувреме“ премиерно во Кичево
Македонскиот филм „Трето полувреме“ конечно ќе се прикаже и пред кичевската публика. Проекциите ќе се изведуваат во големата сала на НУЦК „Кочо Рацин“-Кичево.
Филмот е најавено да има само три проекции со почеток во 19 часот во следниве денови:
1) 08.02.2013 година (петок)
2) 09.02.2013 година (сабота)
3) 10.02.2013 година (недела)
Билетите можат да се купат во билетарата од центарот за култура. Цената на билетот е 100 денари.