Во Демир Хисар се одржа трибина за Брсјачката буна

Категории: Демир Хисар, Слајдер

Брсјачката буна беше предвесник на националното освестување на Македонскиот народ и основањето на ВМРО. Следствено на тоа, Брсјачката буна е предвесник и на Илинденското востание –  се согласнија сите учесници на еднодневната трибина.

10 еминентни историчари од Битола, Ресен, Охрид, Кичево, Крушево и градот домаќин, Демир Хисар, настапија со 9 научни трудови – нови научни сознанија и откритија за Брсјачкиот буна, односно Демирхисарскиот заговор. Организаторот на оваа Прва од ваков вид трибина воопшто одржана било кога во Република Македонија, Општината Демир Хисар, успеа да ги собере и седни на иста маса најкомпетентните лица од таканаречените Брсјачки градови за да се чие нивниот нов научен произнес за овој важен настан од нашата национална историја за којшто македонската историографија досега не покажала соодветен научен интерес.

–          И покрај огромните наследени и сеуште непремостливи финансиски долгови на општината, ние како најодговорни луѓе избрани од граѓаните, заедно со нашите соработници, смогнавме сили и капацитет од финансиска и организациска природа, да ја организираме  оваа научна трибина, со што сакаме да покажеме и демонстрираме висок степен на одговорен однос кон науката, кон историјата и големо и длабоко чувство на припадност на својот народ и неговото богато историско минато, рече во дел од поздравното обраќање градоначалникот Љупчо Блажевски кој,  иако по вокација не е историчар, сепак ги сосдлуша сите излагачи и дискутанти.

Трудови на излагачите ги опфатија речиси  сите сегменти од Брсјачката буна – причините за нејзино настанување, учеството на Крушево и Крушевско во овој израз на македонско национално единство , одразот во охридско, и нејзиното одржување во контекст на руско-турските односи односно постберлинските воени дејствија за македонскоо национално ослободување.

Една од поинтересните теми која предизвика извесна полемика и реплики за време на дискусијата беше различниот став на историчарите околу прашањето на брсјачката буна како организирано македонско востание.

-Моите размислувања се дали ова е Брсјачко востание или Брсјачка буна. Ако е Брсјачко востание треба да има главен штаб, организатор, политичко и воено тело како што беше во Илинденското востание. Во Брсјачката буна таква организација нема-изјави Проф.Д-р. д-р Павле Митревски од  Охрид.

Наспроти ваквиот став на Митревски, со своја теза настапи Ванѓелко Лозановски од Здружанието на љубители на литература и наука „Висарион“  од Демир Хисар:

– Стереотипните гледишта на македонските историчари и несериозноста се гледа и на facebook, тоа е како да е војна меѓу злосторниците и звојуваните страни на Македонија а не како кристална мисла за слобода на Македонија како што е главната цел на сите оние кои што дојдоа од Руско-Турските војни и од Српско-Турските војни во Македонија и од огорченоста од Берлинскиот Конгрес, изјави покрај тругото Лозановски кој цврсто остана на својот став, дека сепак овој предилинденски настан бил востание, а не буна или заговор.

Меѓу предавачите се најде и најмладиот излагач, двократниот државен првак по историја,  18 годишниот Игор Ефтимовски од Ресен  кој имаше излагање за Брсјачката буна како дел од постберлинските воени дејствија за македонско национално ослободување како и улогата на Преспа и преспанчани во сите овие востанички дејствија кои се случувале во Брсјачката буна.

Мошне инспиративен и полн со нови научни и со факти потркепени сознанија беше излагањето на Проф. Д-р Саша Дуковски од Кичево.

– Овој контекст треба да се свати во други корелации на односите. Македонскиот народ и македонската самосвест за прв пат се споменети во руската наука во 1875/76 година. За прв пат македонизамот и слободата на македонскиот народ се ставени на пиедесталот на борбата на словенските народи за своја самобитност”- изјави за медиумите Дуковски.

Проф. Д-р Мендо Солунчевски од Демир Хисар, м-р Зоран Богески од Крушево, м-р Димитар Смилевски од Охрид и професорот по историја Мендо Волчевски од Македонското научно друштво Битола, настапија, исто така со свои научни трудови кои во контектстот на овој историски настан, говореа за Демир Хисар како центар на Брсјачката буна, учеството на Крушево и Крушевско во Брсјачката буна, одразот на Брсјачката буна во Охридско, а професорот Солунчевски  направи стручна анализа на  причините и историските околности под кои е подигнат Брсјачкиот бунт.

Модератор и воведничар на трибината беше младиот професор по историја Александар Тренчевски. Од името на Советот на општината, учесниците ги поздрави претседателот Кире Ристевски. Пред почетокот на трибината, учесниците на трибината положија цвеќе на Споменикот на Демирхисарските револуционери, а на крајот го посетија манастирот Свети Јован Претеча кај Слепче.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,