Триумфален пречек за навивачите на Фенербахче од Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Откако во вторникот 50 навивачи на Фенербахче од Кичево, помпезно беа испратени за Истанбул на мечот од Лига Европа помеѓу Фенербахче и Бенфика 1:0, тие вечерва триумфално беа пречекани од над 1000 граѓани, кои во нив препознаа вистински спортски херои.

На тракторска приколка и со автобус во парадно возење пристигнаа на плоштадот, каде ги дочекаа два музички оркестри и спектакуларен огномет.

-Вредеше да се помине толкав пат и да се биде дел од спектакуларниот натпревар Фенербахче-Бенфика 1:0.Триумфот на Фенербахче во целост го оправда нашиот престој во Истанбул и сега со нетрпение го очекуваме реваншот во Лисабо, од каде очекуваме добри вести, за потоа да се подготвиме  и за последниот чин од ова натпреварување, финалето од Лига Европа во Амстердам-потсети Ирфан Шејдоски, предводникот на навивачката група на Фенербахче од Кичево.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,