Во недела велосипедска трка на падините на Крушино

Категории: Слајдер, Спорт

Велосипедскиот Клуб ”Спидбајк” од Кичево и Велосипедска Федерација на Македонијa организираат МТБ трка на Крушино, во недела, на 20 октомври. Стартот на трката ќе биде на спортско рекреативниот центар Крушино, поточно на фудбалското игралиште.

Стартот за хоби класата ќе биде во 12 часот, а стартот за останатите категории ќе биде во 13.00 часот

Категории: Хоби, Кадети, Мастерс, Елит, Јуниори и Жени
Патека: Должина на кругот 3,05км

-Мастерс 5 круга
-Хоби 2 круга
-Кадети 4круга
-Елит 6 круга
-Јуниори 5 круга
-Жени 3круга

Пријавување и доделување на стартни броеви: од 10- 11:30ч. На самата стартно целна рамнина.
Право на учество имаат сите лиценцирани натпреварувачи.
Хоби категоријата е отворена за сите вљубеници во спортот.
Секој натпреварувач мора да носи заштитна кацига и да има исправен велосипед.
Награди: Организаторот обезбедува медали за првопласираните.Организаторот има право на измени на патеката и бројот на круговите во зависност од временските услови на патеката.
Технички Правила: Патеката во целост ќе биде зетворена за сообраќај на моторни возила,на патеката ќе се натпреваруваа велосипедисти во категории лиценцирани за 2013 година преку велосипедски клубови.Трката ќе биде обезбедена од МВР-(сообраќајна полиција).Велосипедскта трка ќе се вози според правилникот на U.C.I. и В.Ф.М.
Напомена: Секој натпреварувач вози на сопствена одговорност.Трката се вози по правилата на УЦИ и на Велосипедската федерација на Македонија.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,