„Тука и таму“ премиерно пред кичевчани
Вечерва и на 27 овој месец во ЦК Кочо Рацин нова филмска премиера. Во овие две вечери филмофилите од градот, ќе можат да го проследат филмот „Тука и таму” на режисерот Дарко Лунгулов.
Главните улоги ги толкуваат познати српски но и актери од странство, Давид Тортон, Мирјана Карановиќ, Бранислав Трифуновиќ и Синди Лопер. Почетокот на претставите е закажан за 20 часот, а цената на билетите исклучително популарна и изнесува само 50 денари.
Ако се суди според досегашната посета на филмовите кои се прикажуваа во кичевското кино, тогаш со право може да се очекува и овие два вечери добра посетеност и покрај топлото време кое не е голем сојузник на филмските претстави.
Зоран Антоски