Утре велосипедска трка Скопје – Кичево, настапуваат двајца кичевчани

Категории: Спорт

Во организација на Велосипедската федерација на Македонија и АМС утре ќе се одржи велосипедска трка Скопје – Кичево.

Трката започнува во 13.30 часотод пред Триумфалната порта во Скопје, а целта ќе биде на бензиската пумпа Тајм Петрол во Кичево. Во оваа трка настапуваат и Кичевчаните Бране Софронијоски и Саши Димитриевски.

Инаку оваа трка е прва од „Тура околу Македонија 2013“ која ќе продолжи и наредните денови низ другите градови во Македонија и тоа:

02.09.2013     2-ра етапа Охрид – Прилеп 115 км
03.09.2013     3-та етапа Прилеп – Велес  115 км
04.09.2013     4-та етапа Велес – Дојран 120 км
05.09.2013     5-та етапа Дојран – Штип 110 км
06.09.2013     6-та етапа Штип – Скопје 110 км

Завршување на Турата околу Македонија на 06.09.2013 во 17:30 во Скопје пред Триумфална Порта, целиот велосипедски караван по завршувањето заминува на арената “Филип Втори” да ја гледа  фудбалскиот натпревар помеѓу Македонија и Велс.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,