Денес и утре: Турнир во кошарка во домот на АРМ

Денес, со почеток од 17 часот, во Домот на АРМ (Правен факултет), ќе се одржи вториот по ред турнир во кошарка. На турнирот ќе учествуваат дваесетина екипи, кои според возраста се поделени во три категории. Стартот на натпреварите е закажан за 17 часот.

Турнирот го организира Здружението „Инспајр“ од Кичево, во соработка со општина Кичево, Центар за странски јазици „Адамс Едукација“, Извиднички одред „Мирко Милески“, Кошаркарски клуб Кичево и Правен факултет Кичево. Натпреварите ќе продолжат и утре, исто така со почеток во 17 часот.