Турново и судијата Ецкоски го победија Напредок

Категории: Слајдер, Спорт

И пред натпреварот во Турново, кај Напредок им беше јасно дека на ова гостување против себе ќе имаат квалитетен и добро уигран противник, кој ретко губи бодови на  својот стадион.
Но никако не им паѓаше на памет дека покрај домашниот состав, против себе ќе го имаат судијата Марјан Ецковски од Охрид, кој во текот на сите 90 минути судеше на штета на кичевскиот прволигаш.
-И покрај високиот пораз, сепак можам да бидам наполно задоволен од нашата игра во првото полувреме, кога доминиравме на теренот а ја имавме и најзрелата прилика преку Цветаноски уште во 5 минута.И кога се очекуваше крај на првиот дел, пенал за домаќинот и црвен картон за Цветаноски.
Да бидам искрен досега никогаш не сум ги коментирал судиските одлуки, но сега сум приморан и тоа да го сторам, бидејќи главниот судија Ецковски покрај крајно сомнителниот пенал и црвениот картон на Цветаноски, уште со безброј одлуки  ја оштети нашата екипа.
Јасно беше дека по водството на домаќините, бројчаната предност на турновци и едностраната арбитража на Ецковски, нашите шанси за успех беа никакви.Во второто полувреме се обидовме да нападнеме, но како што обично бива примивме три гола, од кои вториот од многу сомнителна (офсајд) ситуација-рече тивкиот Гордан Здравков, кој обично е незабележителен крај аут линијата, но како по овој меч нешто да експлодира во неговата душа и продолжи во ист стил.
-Не знам зошто но за само една седмица судиски грешки ја кројат нашата судбина.Најпрво на мечот со Ренова играта со рака на гостите во нивниот шеснаесетник беше оквалификувана како прекршок надвор од казнетиот простор, и наместо да добиеме пенал се се сведе на слободен удар.Сега повторно во Турново, со серија одлуки судијата Ецковски не само што го одлучи победникот, туку остави последици по нашиот состав за идните натпревари, бидејќи токму на многу важниот меч со Брегалница нема да настапи Дејан Цветаноски.Се прашувам до кога ќе продолжи оваа хајка против Напредок, која започна уште на стартот на новата првенствена сезона-заврши крајно исфрустрираниот напредоков стратег.
Текст и фото: Зоран Антоски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , ,