Цветаноски: Турново мора да падне под Илиница

По поразот од скопски Работнички во претходното првенствено коло, Напредок се фокусира кон уште едно дерби и натпреварот со Турново, екипа која во Кичево секогаш игра отворено, без калкулации и на резултат.

Сино-белите сеуште неможат да го преболат минималниот пораз од Турново во есенскиот дел од сезоната, кога загубија со 1:0, со пенал кој според многу отценки беше непостоечки. Враќањето на Цветаноски во екипата и подобрувањето на временската ситуација го враќаат оптимизмот и вербата дека и покрај неспорниот квалитет на гостинот од Турново, Напредок мора да одигра без алтернатива и на победа, што е единствена опција за прволигашот од Кичево.

– Пред нас стои огромен предизвик во екипата на Турново, состав кој секогаш бил тврд орев за нас, независно каде и да се сретнеме. И покрај отежнатите временски услови неделава, сепак ние сме добро подготвени и максимално мотивирани влегуваме во овој дерби натпревар, кој според многу отцени е решавачки за нашиот состав. Трите бода од овој дуел повторно не враќаат во нормала и во сериозна игра за Европа и затоа ветуваме “Турново мора да падне под Илиница” – најави црната кобра на Напредок, Дејан Цветаноски.

Зоран Антоски

Извор: http://www.sportefe.com.mk