Се нормализира наставата во училиштата во Кичево

OU-Dr-Vladimir-Polezinoski

По владината одлука на Владата на општина Кичево да и се доделат 60 тони нафта од државните резерви, нафтата е поделена на сите училишта во градското подрачје со што се создадени услови за нормално одвивање на наставата.

Раководителот на секторот за образование на општина Кичево Саније Садику информира дека добиената нафта е поделена и тоа по 10 тони за ОУ „Кузман Јосипоски Питу” и за ОУ “Владимир Полижиноски”, 15 тони за ОУ „Санде Штерјоски” и 15 тони за двете средни училишта „Мирко Милески” и „Дрита”, а останатите 10 тони се наменети за превозот на учениците.

Таа посочи дека е решен и проблемот со снабдувањето со електрична енергија и со снабдувањето со вода за пиење.

– Овие долгови ќе ги подмири општината со тоа сите училишта добиа греење, струја и вода по што во целост наставата во сите училишта во Кичево е норамализирана, рече Садику.

За изгубените часови за време на бојкотот е изработен план од училиштата како да се надополни изгубеното.