Кичевското село Мамудовци доби нов училишен објект

Во кичевското село Мамудовци денеска е пуштен во употреба нов училиштен објект, во рамки на основното училиште „Санде Штериоски“. Инвестицијата е на невладината агенција Тика од Турција.

На пуштањето во употреба присуствуваа градоначалникот на Кичево Фатмир Дехари, директорот на училиштето Лулзим Мехмеди, директорот на Тика Теоамн Тириаки и преседателот на Тика за Балканот и Јужна Европа, Махмуд Чевик.

Идејата за изградба нов објект во кичевското село Мамудовци, според Чевик,произлегла пред една година кога на телевизија ја забележал состојбата на училиштето.

Директорот на училиштето изрази благодарност до Турската организација Тика за изградбата на објектот од каде очекува дека во иднина ќе излезат многу образование генераци.