ФОТО: Крадци со кичевска кола украле 120 000 евра од охриѓанец

Категории: Македонија

Охриѓанецот Кујтим А. (48) во чанта носел 120.000 евра кои утрово му биле украдени откако бил нападнат.

На улицата „Дејан војвода“ во Охрид, четири засега непознати лица кои се движеле со патничко возило „Фолксфаген-џета“ со кичевски регистерски таблички,  удриле во  лицето К.А.(48) од Охрид, по што едно од нив, излегло од возилото и од повредениот одзело  една платнена чанта, во која според кажувањето на повредениот имало 120.000 евра.

Сторителите потоа, со  возилото се упатиле кон излезот на Охрид, кон магистралниот пат Охрид-Кичево, додека повредениот К.А. е пренесен за укажување на лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид.

На потегот помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, од страна на полициските службеници, пронајдено е запалено патничкото возило „Фолксфаген Џета“ со кое претходно го користеле сторителите. Разбојниците го запалиле автомобилот за да ги сокријат трагите.

СВР Охрид објави фотографии од возилото со кое избегаа сторителите кои утрово околу 8 часот избегаа, откако претходно извршија вистинско „филмско“ разбојништво на улицата „Дејан војвода“ во Охрид.

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,