АНАЛИЗА: Украина како баланс помеѓу истокот и западот

Пишува: Томче Илијевски
http://tomceilijevski.blogspot.com/

Во овој текст накратко ќе ги опишам надворешнополитчките, историски и економски фактори и влијанија кои Украина е ставаат во држава која има многу битна улога во развојот на светскиот мир, стабилност и нејзиното влијание врз меѓународните политички процеси. Внатрешните работи во Украинската држава ќе бидат напишани во друг текс, но никако не смеат целосно да бидат занемарени и прескокнати во која и да било анализа што би ја правеле.

Додека во далечната Австралија, на жешкото сонце се играа исцрпувачки тениски мечеви, на поларниот север политичките тензии завземаат се’ поголем замав.

Ако сакаме да ја разбереме Украина и нејзината географска позиција, како и во историјата најдобро отсликува украинскиот град  Узхорот. Во неговиот радиус од 20тина километри  се наоѓаат границите  на Романија, Унгарија, Полска, Словачка и тука се зборува на украински, руски, романски, унгарски, полски јазик… Овој град низ историјата бил освојуван од Австро-Унгарија, Нацистичка Германија, СССР  и после распаѓањето на Варшавскиот пакт станува дел од Украина. Во Втората светска војна помеѓу Германските војски и Црвента армија по глава на жител Украина имаше  најмногу жртви. Во геостратешките игри Украина на Русија и користи како главен заштитувач од доаѓањето на НАТО до Руската граница. Додека на Европа и користи како да се ослабe влијанието на Русија. Овој опис ни покажува колку политичкие кревка државата каде се спојуват истокот и западот, интересите на големите сили и корпорации.

Исто така да се надоврземе на горниот дел- Украина е и колатерална штета на неодлучноста на Европа низ историјата и нејзините лидери,почнвајќи од Карло Велики, Наполеон, Хитлер, па и денешните лидери немаат визија до каде точно треба да биде политичка и географска Европа и нејзиното влијание.

Во теоријата – Меѓународните односи се по влијание се делат на глобални и регионални односи. Изминатата декада бевме сведоци на големо влијание на регионалните односи кои ги заменија глобалните односи од времето на Студената Војна помеѓу САД и СССР.Регионите- Блиски  Исток (војни во Сирија, Либан, Палестина, Ирак), Северна Африка(Арапска пролет), Далечен Исток(тензии помеѓу двете Кореи,Јапонија-Кина, Касписки регион (нафтени и наоѓалишта)… каде што имаше конфликти и во даден период сите влијаеја на глобалните односи и врз целокупниот развој на светската економија. Денес  тоа е Украина со својата специфичност и т.н крајна граница за западот, крајна граница на истокот со што асоцира и самото име на државата.

Додека траат тензиите помеѓу ЕУ и РУСИЈА, голема делегација на Украина беше во посета на НР Кина каде се потпишаа многу важни договори и кредити така што Кина ќе гради пристаништа на Црно Море, откупи земјоделски површини со големина на американската држава Охајо. Кина пред сите ја увиде можноста на Украина како мост помеѓу Истокот и Западот и ја искористи шансата за изградба на логистика во Украина за пренос на своите прозиводи во Европа и Русија .

Овие работи се случуваат само во неколку дена, така што Јанукович претседателот на Украина зеде кредит и од Русија во вредност од 15 милијарди долари и испорака на гас по минимални цени.

Додека ЕУ и Украина се договараа за разноразни точки  со цел приближување на украинската држава кон Европската Унија, другите големи сили покажаа прагматичност и навреме ги засукаа ракавите. ЕУ евидентно неможе да носи одлуки и да има заедничка согласност во склоп со новите времиња, а голема улога за тоа има и должничката криза која ја започна Грција,а продолжи низ цела Јужна Европа. Тука ЕУ потроши значајно време и средства, пред  тоа заборавајќи дека според  стратези како  З.Бжежински во неговата Шаховска табла –Украина е ставена како еден од главните столбови на кои се потпира мирот  и стабилноста во Европа.

Затоа ЕУ требаше да го одврзе ќесето и да и помогне на Украина без никакви поставени  услови, исто како што  и дадоја помош на  Грција- скоро 300-400 милијарди долари помош отидоја кон нашиот јужен сосед,поради должничката криза,додека Кина и Русија не штедеја  и порано ја увидоја можноста која ја нуди украинската држава за развој на бинзис и како мост за транспорт на производите од исток кон запад и логистичка подршка која ја нуди оваа држава.

Геополитичките игри во светот нема овде да застанат. Изминатите 10 години Блискиот Исток беше центар на геополитичките случувања,исто така и Украина .Во иднина све повеќе и повеќе ќе се одвиват геостратешките односи со поголема динамика,особено регионот во Југоисточна Азија кој би можел да прерасне во главно поле на силите наредните години. Во минатиот текст издаден за сајтот kicevo.mk во кој беше опишана состојбата во Турција наведов дека пазарите во развој ги чекаат тешки денови со што во втората половина на 2013-та година и се случи (пад на берзите,губење вредност на валутите , демонстрации…). Да  не го заборавиме и Каспискиот регион, Африка…листата е долга.

Европа допрва ќе има работи за кои посериозно ќе треба да се позанимава,а ќе и претставуваат и голем проблем во иднина.Излгеда сите учат од историјата само Европа не.