Уметноста на рушењето: Контролирани рушења забележани на камера (ВИДЕО)

Категории: Магазин, Слајдер

Додека градењето на еден објект трае со месеци и години и е релативно досадно за следење, рушењето на објектите може да биде вистински спектакл. Рушењето на згради по пат на имплозија се доста популарни и нивното објавување на интернет најчесто има огромна гледаност.

За изградбата на Ocean Tower во САД биле потребни години за да се изгради. Но и само неколку секунди за да се сруши. Иако рушењето делува импресивно, треба да размислиш двапати на која далечина ќе бидеш додека зградата се сруши поради опасноста од задушување.

Рушењето на 116 метарската AFE Turm во Франкфурт беше забележано до GoPro камера од одлично место за набљудување. Беше потребен скоро 1 тон експлозив за нејзино контролирано рушење.

Рушењето на зградите трае „додека трепнеш“. Оваа жена која го очекуваше рушењето на една стара зграда од соседството ја испушти целата случка поради нејзиното исплашено куче. Видеото стана популарно.

Некои рушења, пак, се придружени со цели пропратни шоуа. Му доаѓа нешто како збогување. Такво е рушењето на 65 години старото New Frontier Casino во Лас Вегас на 13 ноември 2007, каде своевремено своето деби токму тука го имал Елвис Присли.

И додека некои прават спектакли при рушењето, други грабаат за Гинисов рекорд. Специјализирана компанија за контролирано рушење од САД постави токму таков рекорд за рушење на најголемата зграда по волумен во Сиетл.

На камера е забележано и рушењето на втората највисока кула во светот, The Landmark Tower во Тексас во 2006 година.

Зградите на Hewlett Packard во Хјустон зафаќаа простор од скоро 140 000 квадратни метри. Ги „снема“ за неколку секунди, за на  нивно место да се изгради современ објект.

Некогаш контролираното рушење може да тргне и наопаку, како во овој случај:

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , ,