ВИДЕО: RAVEN со нов спот за песната Under A Darkening Sky

Кичевскиот метал состав Raven вчера на YouTube го поставија најновиот спот за песната Under A Darkening Sky. Спотот е снимен на локации во Кичево. Режијата и монтажата се на Славе Викторијоски.

Песната е продуцирана и миксана исто така од Славе Викторијоски, а мастерингот и реампирањето на гитарите е на Аlan Sacha Laskow (Enditol, Divinity, Walk As Chaos) од Канада.