Унгарија ја призна Република Македонија под нејзиното уставно име

Категории: Македонија, Слајдер

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, денеска упати писмо до министерот за надворешни работи на Унгарија, Јанош Мартоњи, во кое се поздравува најновата одлука на Унгарија да ја потврди и официјализира досегашната пракса на обраќање кон Република Македонија со нејзиното уставно име во билатералната комуникација.

Во писмото, меѓу другото, министерот Попоски нагласува дека Република Македонија високо ја цени отворената и гласна поддршка што ја дава Унгарија кон нашата земја од осамостојувањето.

Особено се поздравува поздравува поддршката во рамките на Европската унија, каде Унгарија е гласен поборник и поддржувач за што поскоро започнување на преговорите за членство на Република Македонија во Република Унгарија.

И најновата одлука, претставува уште еден доказ за исклучително добрите односи меѓу Република Македонија и Унгарија, и своевиден пријателски гест во насока на продлабочување на довербата и пријателството меѓу двете земји.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,