Уништена неексплодирана граната од 155мм. на планината Лубен крај Кичево

Дека во нашата земја сеуште на многу локации има неексплодирани минско-експлозивни средства, најдобра потврда е вчерашниот случај во Суво Поле, каде што сосема случајно од сечачи на дрва пронајдена е артилериска граната од 155 мм по потекло од некогашната ЈНА.

Гранатата во текот на денешниот ден е уништена на самото место од страна на експертот за пиротехника Драгољуб Попоски од ПЕ Кичево на Дирекцијата за заштита и спасување на РМ.

Зоран Антоски