Почнува запишувањето на државните универзитети во Скопје, Битола и Охрид

Категории: Македонија

На државните универзитети во Скопје, Битола и Охрид денеска и утре е пријавувањето за запишување во прва година во академската 2013/2014 година. На Штипскиот универзитет првиот рок почна на 13 август и завршува денеска, а на Тетовскиот универзитет запишувањето ќе биде од 19-ти до 23 август.

На петте јавни универзитети слободни се 25.624 места, од кои за редовни во државната квота 15.063, за редовни во квотата со кофинансирање на студиите 7.411 и за вонредни студенти 3.150 места.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје има 10.351 места – од нив за редовни во државна квота 6.122, за редовни со кофинансирање 3.154 и за вонредни 1.075 места.  На Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола има 4.160 места (2.520 за редовни во државна квота, 1.110 за редовни со кофинансирање и 530 за вонредни), а на  Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“-Охрид има 400 места, од кои 200 во државна квота и по 100 за кофинансирање и за вонредни.

Кандидатите што ќе го пропуштат првиот рок за запишување на некој од факултетите во Скопје, Битола и Охрид, следниот рок е на 3-ти и 4 септември, а третиот на 17 септември.

На Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип денеска е третиот, последен ден од првиот уписен рок. Според Конкурсот на УГД, слободни места имаше за 5.083 идни студенти (2.961 за редовни во државна квота, 1.127 во квота за редовни со кофинансирање и 995 за вонредни). Вториот рок за упис на УГД е на 29-ти и 30 август, а третиот на 13 септември.

Државниот универзитет во Тетово, на кој уписот ќе трае пет дена почнувајќи од понеделник, нуди 5.630 места (3.260 за редовни во државна квота, 1.920 за редовни со кофинансирање и 450 за вонредни студенти). Вториот рок на ДУТ е од 3-ти до 6 септември, а третиот од 17-ти до 21 септември.

За редовните во државната квота годишната партиципација е 200 евра, а за тие што ќе си ги кофинансираат студиите, цената за една студиска година е 400 евра, иако има и пониски цени со одлука на самите факултети. Како и во минатите години, цената на дисперзираните студиски програми е 100 евра годишно.

Кадарот од природно-математичките и од техничките науки е дефицитарен  и затоа Министерството за образование и наука апелираше кандидатите да размислат за нив зашто ќе имаат повеќе можности за работа по дипломирањето.

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , ,