Успех на кичевските извидници во Струга

Извидничкиот одред „Мирко Милески“ од Кичево изминатиот викенд имаше успешно гостување во Струга. Учествуваа 50 негови членови од сите категории : развигорци од 6 до 11 год; помлади-извидници од 12 до 14 год; извидници од 15 до 18 години.

Акцијата во Струга беше исполнета со многу активности како Морзевата азбука, Семафорот (сигнализација со знамиња), веслање, шаторизација, како и најразлични игри од забавен карактер. Своите способности ги валоризираа враќајќи се дома со три пехари и тоа: прво место на ниво на одред, прво место во категорија извидници и прво место во категорија помлади извидници.

Ова е уште еден од низата успеси на кичевските извидници.