Уште 4 дена до дигитализација на телевизиите – што треба да знаете

Категории: Македонија

Од сабота (1 јуни) ќе започне целосно емитување на телевизиската програма со дигитален сигнал. Оние кои имаат понови дигитални телевизори, како и корисниците на платформите на Boom TV, MaX TV ќе можат без проблем да го следат емитувањето на ТВ програмата со тоа што ќе можат да ги следат програмите и на регионалните телевизии кои зрачат во нивниот регион.

Останатите граѓани коишто домашните телевизиски канали ги примаат со обична антена, на постар модел на телевизор и не се претплатени на услугите на некој кабелски оператор или оператори како Boom TV, MaX TV, ќе треба да купат или посебен уред наречен сет топ бокс или телевизор којшто има вграден дигитален приемник – DVB-T стандард. Во двата случаи антена ќе биде потребна. Затоа не ја фрлајте старата антена!

Сет Топ боксовите можете да ги најдете во секој подобро опремен дуќан за електроника. Цената им е околу 1000 денари. Ги нуди и операторот ОНЕ, без обврска за склучување на било каков договор.

Доколку купувате нов ТВ-приемник со вграден тјунер, внимавајте бидејќи е неопходно тој да поддржува DVB-T и MPEG-4 и пожелно е да прикажува телевизија со висока дефинција – HD Ready или FullHD.

Како и досега, така и отсега ќе можете да ги следите програмите на јавниот радиодифузен сервис (МТВ1, МТВ2 и Собранискиот канал), сите национални телевизии со  дозвола за терестријално емитување (ТВ Сител, ТВ Канал 5, ТВ Алсат и ТВ Телма), сите регионални телевизии и сите локални телевизии кои ќе станат регионални. Гледањето на овие канали си останува бесплатно.

Конкретно за Кичево, домашните телевизии Боем и Ускана стануваат регионални (ќе емитуваат програма на териториите на градовите Кичево, М. Брод, Крушево, Прилеп, Демир Хисар, Ресен и Битола), додека Гурра останува да зрачи на локално ниво. Кичевчани од сабота ќе можат да ја гледаат регионалната телевизија Вижн од Прилеп.

Придобивките од дигитализирањето на телевизискиот сигнал се многубројни:

–    многу подобра и поквалитетна слика и звук;

–    многу поголем број на програми;

–    повеќеканален тон, т.е  дополнителни услуги како титлување на повеќе јазици и можност за избор на саканиот јазик . На пример, при гледањето фудбалски натпревар може да се избере на кој јазик се сака да се гледа натпреварот);

–    електронски програмски водич, односно телевизиски водич со термин на прикажување и опис на емисиите до седум дена однапред;

–     прием на телевизиските сервиси и со други „паметни“ уреди и средства (персонален компјутер, телефон, лаптоп, таблети и друго) итн.

–    можности за нови тематски канали (информативни, детски, спортски,…);

–    побрз телетекст;

–    3D телевизија;

–    можности за интерактивна телевизија со употреба на интернет врска, информативни услуги (datacasting), купување и плаќање од дома, интегрирање на интернет апликации како социјални мрежи , портабилен и мобилен прием.

За било какви дополнителни информации во врска со дигитализацијата на ТВ сигналот можете да се информирате во  Советот за радиодифузија на Република Македонија, на тел. 02) 3103 417 или на нивната веб страницата:  www.srd.org.mk

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , ,