Уште ве лажат комунистиве?

Категории: Магазин, Слајдер

Легендарното прашање од скечот на К-15 од деведесеттите на разочараниот гастербајтер Цацко кој после 30 години од Австралија се вратил дома, во Македонија. Истово прашање може да се постави и денес, ама во друг контекст. Ајде малку да ги погледнеме биографиите на европските главешини од кои навикнавме да добиваме бенчмаркови, разноразни совети, лекции, чат-пат понекоја навреда. Кој тоа ја води фамозната Европска Унија во која толку многу сакаме да влеземе? Кои се овие луѓе чии наредби ги примаме небаре како од богови?

Жозе Мануел Баросо, претседателот на Европската комисија. Секако, никогаш не не прозвал по нашето ни уставно име. Не помниме некој негов посебен ангажман околу нашите желби да станеме дел од Унијата. Освен тапкањето по рамо и желбите „Дис бјутифул кантри“ да го реши спорот со името. Овој „конзервативец“ е член на португалската „Социјал демократска партија“ на која само името и е социјал-демократско, инаку важи за конзервативна партија. Членка е на ЕПП (Европската народна партија). Што е интересно кај овој „конзервативец“? Па, Баросо бил поранешен член на Португалската маоистичка партија – „Португалска работничка комунистичка партија“.

Сијм Калас, заменик-претседател на ЕК, комесар за транспорт. Втор  човек во ЕУ. По потекло од Естонија. Бил премиер на Естонија, министер за финансии, министер за надворешни работи… арно ама бил и член на највисокиот совет на на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС). Овој бивш комунист, денес е член на Естонската реформистичка партија. Се позиционирале десно од центарот. Во Европскиот парламент се членови на Алијансата на либерали и демократи.

 

Кетрин Ештон, заменик-претседател на ЕК, комесар за надворешни работи и политика на безбедност. Британката била дел од владата на Гордон Браун, наследникот на Тони Блер. Членка е на британските лабористи, левичарска партија и членка на Партијата на европските социјалисти. Што е интересно кај неа? Поранешен благајник на “Кампањата за нуклеарно разоражуване (CND)”, организација финансирана од СССР. Нам на балканот ни е позната бидејќи незнаеше како изгледа претседателот на соседна Србија, Томо Николиќ. Не се сомневам дека хипиков знае како изгледаат нашите политичари.

Штефан Филе, комесар за проширување и европска политика за соседство. Рака на срце со него поминуваме најдобро како Македонија. Засега покажа некарактеристична воља за да ни помогне. Да не е за подрек! Филе е поранешен член на чехословачка комунистичка партија и дипломирал на МГИМО. Денес со закон забранета во неговата родна земја. Од 1989 наваму е член на Социјал-демократската партија во Чешка (во опозиција), членка на Партијата на европските социјалисти.

 

Од другите, за нас помалку познати но не и небитни, фаци на ЕУ кои имаат интересна биографија би се издвоиле:

Јанез Поточник – комесар за животната средина. Поранешен член на Југословенската комунистичка партија.

Марош Шефчович – заменик-претседател на ЕК, комесар за меѓуинституционални односи и администрација. Поранешен член на чехословачка комунистичка партија.

Марија Даманаки – комесар за рибарство и морско дело. Поранешен член на Грчката комунистичка партија.

Хоакин Алмуња – заменик-претседател на ЕК, комесар за конкуренција. Член на марксистичко крило на Шпанската социјалистичка партија, која се противи отворено на независноста на балтичките републики.

Андрис Пиебалгс – комесар за развојот. Поранешен член на Комунистичката партија на Советскиот Сојуз (КПСС).

Засега доволно. Можеби можевме да го вметнеме и Зоран Талер, непопуларниот известувач за Македонија во ЕП кој поради скандал си поднесе оставка. Бил член на Алијансата на социјалистичкиот подмладок на Словенија.

И сега: „Уште ве лажат комунистиве“?

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , ,