2.723 кичевчани направиле увид во избирачкиот список

Вкупно 2.723 кичевчани го искористиле правото да направат јавен увид во единствениот избирачки список. Оваа можност граѓаните можеа да ја искористат до 9 февруари до кога и беше рокот за интервенција во ЕИК.

На 16 февруари на полноќ завршува рокот за поднесување на листите на кандидати за членови на советот и за градоначалници од партиите.

На овие избори, по спојувањето на руралните општини со Кичево, право на глас ќе имаат над 50 000 граѓани