Ужасни сведоштва: Во џамиите на под контрола на ИД се објавуваат огласи за продажба на христијани

Во џамиите на Ирак кои се под контрола на тн. „Исламска Држава“ се шират рекламни огласи за продажба на христијани. „Од 30 до 40 годишни – 35 илјади динари, од 10 до 20 годишен – 150 илјади динари, за 6 годишни – 200 илјади. На еден човек може да му се продадат најмногу три робови“, го цитираше огласот раководителот на меѓународниот оддел на Императорското православно палестинско здружение, Олег Фомин, во средата на прес конференцијата во Москва.

Тој ја повика меѓународната јавност да реагира на ваквите факти „зашто сме 21 век“.  Кон крајот на октомври делегацијата на ИППЗ ја посети престолнината на ирачкиот курдистански град Ербил. Се одржаа средби со лидерите и претставниците на христијанските заедници и курдските јавни организации одговорни за сместувањето на бегалците и распределбата на хуманитарната помош.