Варе, варе, не се варе (23)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

На ловџијата грнето многу повеќе му варело .омна, од колку месо ……. и понекогаш Гавран !
Имаш групи на ловџии „љубители на природа“, не оти не сакаат да се пофалат со уловен трофеј, туку толку можат.
Имаш групи на ловџии „месари“ што год да е мефце да е, ранчето да е полно !
Имаш групи на ловџии „егзекутори“ што пошло кај нив, санки в кланица завршило.
Имаш групи на ловџии „пензионери“ наместени цел ден на определено место кај што врви дивечот и чекај.
Имаш групи на ловџии „локал – патриоти“ што за инает од другите ловџии си шетаат по теренот „оти нивите биле нивни“
Имаш ………. имаш ловџии што дошле во Македонијава покасно во 1960 – тите, 70 – тите години со комплетен прибор: пушка, фишеци, уста, добра волја и помало познавање на терен, флора и фауна. Е на тие, такви некој од староседелциве им „објаснил“ дека покрај другиот дозволен дивеч за лов, може да се лови и Гавран, Чавка …..

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Бидејќи е вистинска умешност да се улови Дива свиња, Волк, Зајак ….. од сето месо што се движи и лета новајлиите уловиле Гаврани, за спас на ловечката чест. Се нафатил еден од нив „обучен“ со кулинарски вештини да направи специјалитет. Останатите го чекале надвор пред зградата во договорен тајминг на колективни маси и клупи за седење и за колективно ловечко дружење. Излегол куварот после 4 – 5 саати упорно варење и сите во исчекување, гестикаулации на лицето: …. „Како е, вкусно, готово е“ ??!
Успеал да изусти „попарен“ од вкусот на Гавраните со еден од Македонските Беломорски дијалекти: … „ ВАРЕ, ВАРЕ, НЕ СЕ ВАРЕ …….. раскажал Борче Л.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,