Tрадиционален Велигденски хепенинг во ОУ„ Кузман Јосифоски-Питу„-Кичево

Во предвечерието на големиот христијански празник Велигеден во холот на ОУ„ Кузман Јосифоски-Питу„Кичево  традиционално на денешен ден, Велики Четврток, се  организира  Велигденски продажен  хепенинг. Настанот започнува од 17 часот.

Штандовите   ќе  зашаренеат од убавите детски изработки,  малите уметнички дела и ракотворби изработени со вредните раце на учениците. Ќе има и вкусни традиционални јадења што го симболизираат овој ден изработени од родителите и наставниците.

– Во холот на училиштето ќе се разлее детската насмевка, детскиот џагор, а сите ние ќе бидеме горди на се она што заедно сработивме – велат од училиштето.

Организатор на настанот се учениците, вработените во училиштето, со поддршка на Советот на родителите. Благодарение на оваа соработка Велигденскиот хепенинг во изминатите години имаше голема посетеност, а се надеваме дека и денес ќе биде така. Паричните средства што ќе бидат собрани  ќе се користат за тековни потреби во училиштето.

Од училиштето ве покануваат да бидете дел од настанот и ви ги честитаат престојните Велигденски празници