И Вевчанско – Галичката чета маршираше низ Кичево

Категории: Кичево, Слајдер

Вевчанско – Галичката во Кичево

Во последниве неколку дена  Кичево е незаобиколно за коњичките чети кои се упатуваат кон Крушево, во чест на големиот празник Илинден.

Така што по маршот на коњаницата од „Патот на Црешовото топче 2013” во понеделникот, денес околу пладне низ  Кичево маршираше и Вевчанско – галичката коњаничка чета, предводена од Крсто Мукоски,заменик директорот на МЕПСО.

-Ова е 10 година откако е формирана првично Галичката коњаничка чета, за потоа да се приклучи и селото Вевчани и денес да патуваме како единствена Вевчанско-галичка коњаничка чета. Наше традиционално место на тргнување е село  Галичник за потоа преку Бистра, кичевијата и преку Турла да завршиме во славното Крушево или поминува пат од околу 145 км. Големиот македонски празник Илинден и 110 годишнината од  Илинденското востание, како и 100 годишнината од Букурешкиот договор, го спојуваат овој  втори август, а ние како големи Македонци и патриоти, со овој марш сакаме да му дадеме уште поголема важност на историскиот Илинден-рече Мукоски.

Текст и фото: Зоран Антоски

 

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , ,