ВИДЕО: Тале Бацката, Рок легендата од Кичево кому годините не му можат ништо!

Категории: Кичево, Мултимедија, Слајдер

Тој е жива легенда, енциклопедија за едно славно време на првите кичевски рокери. Ја живее седмата деценија од животот, ама духот му е некаде во дваесеттите години. Сведок и учесник на првите игранки в Кале, славен тапанар во многу кичевски рок состави.

Дека годините не му можат ништо оти во душата е млад, Софрониоски Трајче, помеѓу кичевчани попознат како Тале Бацката покажа во саботата кога ги зеде тапаните под своја контрола и повторно засвири со 2Exit band. Сите присутни, најголем дел млади луѓе имаа прилика да ја слушнат неговата изведба на Smoke on the Water од Deep Purple. За среќа, ова видео останува сведок од тој настан. Да се памти! Бацка, секоја чест, растури! Беше доживување да те слушнеме повторно!

PS – се извинуваме поради лошиот квалитет на звукот, со телефон толку можеше :) !

Дополна 13.VII.2013 (благодарение на Guide.Mk):

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , , , , , , , ,