Владо Полежиноски – Силен македонист неправедно маргинализиран во историјата

Категории: Кичево, Слајдер

Во центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево се одржа научна трибина на тема „Сто години од раѓањето на д-р Владимир Полежиноски – живот и дело“.

Научна трибина: Сто години од раѓањето на д-р Владимир Полежиноски

Д-р. Владимир Полежиноски

На трибината учествуваа голем број историчари од Институтот за национална историја од Скопје, како и локални историографи.

Во своето излагање д-р Симо Младеновски меѓу другото истакна: „Не знам човек од тоа време што се школувал во странство, особено не во Париз, како што тоа го направил д-р Владимир Полежиноски, правник, политичар и научник, кој неправедно е маргинализиран во македонската историја. За илустрација, во книгата за АСНОМ, која е на 400 страници, не е споменат ниту еднаш. Но историската вистина не може да се скрие, затоа што Полежиноски ги надраснал рамките на Македонија и бил вистински европски интелектуалец“.

Од своја страна, д-р Ѓорѓи Чакрјаневски потсети дека Владимир Полежиноски бил „силен македонист и како невидлив столб се поврзува со современата македонска историја и држава. Тој воедно беше еден од креаторите на македонската научна мисла вградена во АСНОМ“.

Свои излагања на трибината имаа и д-р Тодор Чепреганов, д-р Мишо Нетков и други историчари, кои во најголем дел се навратија на животот и делото на најголемиот син на Кичево во 20 век, прв доктор на правни науки од Македонија на престижната „Сорбона“ во Париз во далечната 1939 година.

Зоран Антоски

Извор: Нова Македонија

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , ,