ВИДЕО: Во гасењето на пожарот крај Кичево вклучени авиони и хеликоптери

Категории: Кичево

Бидејќи пожарот  што вчера избувна крај Кичево не е локализиран,  во наредните  часови се очекува негово
ширење кон запад и во правец на село Другово. Поради недостапноста на теренот и тежината на неговото гасење, во утринските часови на пожарот се интервенира  од воздух со авиони канадери и хиликоптери, кои за оваа потреба долетаа од Скопје.
–       Утре во раните претпладневни часови во гасењето на пожарот ќе се вклучат и два авиони Ер трактори, и два армиски хиликотери, кои ќе учествуваат во акцијата, се до целосното гасење на пожарот. Според првите проценки, причина за овој пожар е човечки фактор, бидејќи одбран е и денот за пожарот, како и локацијата каде што од снегот имало паднати и скршени голем број стебла од црн бор Се очекува во текот на денот пожарот да биде целосно изгасен и ставен под контрола- информираа доцна вчера од ДЗС .
Текст и фото: Зоран Антоски
Видео: Раде Момироски

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics