Во Крушино заврши сезоната во друмски велосипедизам

Со денешната осма по ред трка од Државниот шампионат во планински велосипедизам, што се возеше на падините на Кршино,спуштена е завесата за оваа календарска година.На последниот натпревар се појавија вкупно 50 велосипедисти од 10 клубови од земјава.Трката обилуваше со голема борбеност и неизвесност во сите категории.Сепак велосипедистите од Екодром Охрид  и Енерџи Скопје, оставија најсилен впечаток.
Во најсилната категорија „Елит“ првото место го освои Бленди Троци од „Екодром“-Охрид,второто место за неговиот клупски колега Христијан Николовски,додека на третото место се пласира Зоран Мишковски од „ЕБТ“-Скопје.
Кај јуниорите членот на „Екодром“ Петар Упефчевски го освои првото место,второто место му припадна на Бојан Митев од “Свиок“-Радовиш, а како трет  низ целта мина Наумче Чулчески од охридски „Екодром“.
Во категорија „Мастерс“ Стојан Хаџиевтимов од „Свиок“-Радовиш го освои првото место,додека клупските колеги од „Енерџи“-Скопје Љубиша Кондев и Владимир Микиќ се пласираа на второто и третото место.
Кај девојките тројна победа на „Енерџи“-Скопје.Првото место за Анета Антовска,второто за Јана Коцевска а третото место за Катерина Николовска.
Кај кадетите Влатко Рабоциски од „Свиок“-Радовиш го освои првото место, додека во „Хоби“ класата прв низ целта мина Михаил Тасевски.
Во текот на трката имаше неколку откажувања и падови без посериозни последици по велосипедистите.Успешен организатор на овој натпревар беше ВФМ и велоспиедскиот клуб „Спид Бајк“ од Кичево.
Зоран Антоски