Во туѓи раце само „тој“ растит (20)

Категории: Ако појдам во чаршија..., Ризница, Слајдер

Поседувањето комбајн во 80 – тите години од минатиот век, беше вистинско богатство и реткост. Покрај тогашните општествени организации, на прсти се броеја луѓе што го имаа во приватна сопственост.

Една просперитетна земјоделска задруга од Кичево ги продаваше со малку пониска цена. Доаѓа еден чиче од околниве села и извади една ташна полна со пари, за да уплати комбајн. Парите биле грижливо сокривани во секакви мутли и перници, бидејќи тогаш банките беа преполни со „дубиози“.

Серијал текстови посветени на Кичево некогаш: „Ако појдам во чаршија“

Канцеларијата беше комотна, заедничка за 5 – 6 вработени, а помеѓу нив и еден штотуку дипломиран и вработен економист. „Преполн со теорија и мудрост“, му се обрати на стариот:

– Чиче овие пари дома ги чуваше ?!!

-Да

-Да ги чуваше в банка, толку и толку пари од каматата ќе ти нарастеа !

-ВО ТУЃИ РАЦЕ САМО K*Р РАСТИТ синко

…… и толку од теоријата.

Пренесува и раскажува: Марјан Стојаноски – Мако

Коментирај:

(Kicevo.Mk се оградува од сите коментари кои наведуваат на национална, расна и верска нетрпеливост)

Документарен филм посветен на судбините на членовите на првиот президиум на АСНОМ во кој влегувал и нашиот сограѓанин, Владимир Полежиноски, интелектуалец и составувач на првите документи на Асномска Македонија.

FB Analytics


Tags: , , , , , , ,